Убава ви е песната, како и душата, драги Дац и Ацо – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеКултура

Убава ви е песната, како и душата, драги Дац и Ацо

Вчеравечер, „Макфест“ покажа дека не е сè отидено во бестрага, во земјава.

Пријатно изненадување за очите и за ушите беше, по долги години, она со што, вчеравечер, нè расположи „Макфест“. Еј, седиш, па, гледаш, и – по толку долго време – не се заигруваш со далечинскиот управувач за менување на слика сосе тон.

Фото, Фејсбук

Многу емоции ни донесоа, среде Штип, право во срцето на Скопје, Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, со песната „Уште ми фалиш“, напишана со скопски, темелен, речник. За да напишеш ваква убава песничка, треба да си имаш – убава душичка. И мора, мноогу, да си го сакаш Скопјенце. И таа љубов кон градот што живот ни значи, да ја дообјасниш, да ја „доцрташ“ уште, на – сите јазици!

Видеото за песната, пак, ни ги донесе скопските фаци – најфраерите – чуварите на духот на градот, за да нè потсетат дека не е сè отидено во бестрага во земјава. И дури ги имаме нив, живи ќе сме сите! Затоа, да сте живи и здрави сите кои сте дале поддршка на овој културолошки „шамар“, за освестување.

Да ви живее песната, уште два-три милиони и кусур години, драги Дац и Ацо.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close