Уапсени 75 полицајци на ФЕТО за местење на испити

EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Поради крадење на прашањата за комесарски испит во 2010 година, по што напредуваа во службата, уапсени се 75 поранешни и активни полицајци поврзани со терористичката организација ФЕТО.

Според агенцијата „Анадолу“,  обвинителството во Анкара издаде налог за апсење на 84 лица, од кои 13 се активни полициски службеници. Досега се уапсени 75 лица.

Според претходната истрага на Обвинителството утврдено е дека лицата во службата напредувале на незаконски начин, така што кандидатите за комесари поврзани со ФЕТО ги добивале прашањата пред испит и остварувале подобри резултати во однос на другите кандидати. На тој начин на полицајците поврзани со ФЕТО им било овозможено да бидат поставени на раководечки позиции во полициските структури.

Терористичката организација ФЕТО стои зад крвавиот обид за пуч во Турција што се случи на 15 јули 2016 година во којашто 251 загинати, а ранети беа околу 2.200 лица.

Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а чие испорачување Турција официјално го бараше од САД.

Членовите на таа организација, со години преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, најпрво во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството низ наместен процес за наводна корупција направија обид за процесуирање на голем број високи службеници.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја каде што е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските официјални претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот