Уапсени 6 албански водачи на организирана криминална група: Шверцувале кокаин меѓу банани од Латинска Америка до Европа

Албанските водачи на организираа криминална група кои се занимаваат со трговија со кокаин од Латинска Америка до Белгија, Холандија и Германија се идентификувани и апсени.

Државната полиција ја финализираше заедничката меѓународна операција за борба против дрогата започната во текот на 2018 година, во соработка со германската и белгиската полиција.

UNODC: Албанските криминални групи во Велика Британија воспоставиле контрола низ целата земја на пазарот за трговија со кокаин и канабис

Како резултат на заедничките истраги, властите ги идентификуваа водачите на оваа група и од 15 декември, до 21 декември 2020 година, беше организирана и финализирана заедничката операција за борба против наркотици со кодно име „ATOS“, во рамките на која беа уапсени во Белгија. Тие се обвинети за кривично дело „Трговија со наркотици“ сторено во соработка, во рамките на организирана криминална група.

Со помош на куче трагач и рендген во контејнер со банани во Грција откриени 70 килограми кокаин

Во извештајот на полицијата се наведува дека уапсените се идентификувани како Муса Ѓикола, 34 години, Генти Балиу алијас Фламур Балиу, 37 години, жител на Тирана; Рамазан Раја, 27 години и Фиоралб Раја, 24 години, жител на Никел, Фуше Круја, Бледар Пепај, 29 години, жител на Пука, Фатмир Џецука., 33 години, жител на Лач; Во меѓувреме, другите двајца уапсени се државјанин на Литванија, К. Н и грчки државјанин на С. Ц.

Повеќе од две тони кокаин пронајдени меѓу банани во Ротердам

Во рамките на акцијата „АТОС“, во различни периоди во текот на 2019 и 2020 година, белгиската полиција заплени околу 232 килограми кокаин, огнено оружје, пиштоли, како и околу 200 илјади евра, во соработка со албанската полиција.

Оваа криминална група работела така што дрогата ја товарела во контејнери со банани од Латинска Америка, криејќи ги наркотиците во гајби со банани и во телото на контејнерите.

Бананите од пратката со кокаин распоредени по старечките домови и училишта

Властите успеале да ги лоцираат поставувајќи GPS системи за следење на контејнерите. Во обид да спречат да бидат идентификувани криминалците организирале вооружена кражба на наркотици од магацини каде што се чуваат банани.

Група специјалисти од Одделот за криминалистичка полиција од Албанија одржаа заеднички состаноци со нивните колеги во Германија и Белгија, за да ги координираат акциите што доведоа до сузбивање на оваа структурирана криминална група.

КРИЕЛЕ КОКАИН ВО БАНАНИ: Португалската полиција запленила 825 килограми дрога

Во исто време, под раководство на СПАК, започна истрагата за имотот за албанските државјани уапсени за време на акцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот