Уапсен познат српски хирург: На сопругата ѝ скршил четири ребра, ја давел со сајла и уринирал врз неа

Познат доктор од Воено-медицинската академија во Белград на возраст од 48 години, кој е и потполковник во Војската на Србија, утре ќе биде спроведен на распит во основно јавно обвинителство поради сомнение дека ѝ нанел тешки повреди на сопругата, потврдија за „Новости“ од оваа институција.
Познатиот доктор, хирург од Академијата за медицински науки е приведен поради сомнение дека извршил семејно насилство, односно брутално ја претепал сопругата и ѝ нанел тешки физички повреди. Ѝ скршил четири ребра, а таа има и скршеница на надлактицата, како и бројни хематоми (модринки).
Според првичните информации, жената подолго време била жртва на психичка и физичка тортура. Но, таа најпрвин кажала дека со нејзиниот сопруг само се расправале.
Но, на крајот сепак призна дека трпела насилство, смртни закани и тепање, а сопругот долго време ја малтретирал, уринирал врз неа, па дури и ја давел со сајла.
На лекарот веднаш му бил одземен пиштолот што го поседувал.
Се уште не е позната причината за нападот, но неофицијално се наведува дека е љубомора.