Твитерџиите му фаќаат сеир на Бујар Османи поради лошиот фотошоп на заедничка фотографија со Папата Франциск (ФОТО)

Вицепремиерот Бујар Османи по повод една година од првата посета на Папата Франциск во Македонија објави фотографија на социјалната мрежа Твитер, на која се гледа како тој се поздравува со Папата.

Сепак, еден месец подоцна, оваа фотографија стана причина за сеир на социјалните мрежи. Причината за тоа е лошиот фотошоп на фотографијата, откако македонските твитерџии ја пронајдоа оригиналната фотографија од моментот кога Бујар се поздравил со Папапата.

Оригиналната фотографија изгледа вака:

Тоа што вицепремиерот решил да ја објави оваа аматерски „средена“ фотографија на која се избришани останатите присутни, наредени се лажни плочки и на неговата глава останало уво како доказ дека ова не е оригиналната фотографија, стана поттик за шега на негова сметка на социјалните медиуми.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот