Тв Стар: Обид за киднапирање пред основно училиште во Карбинци

Фото: Принтскрин/Тв Стар

Обид за киднапирање утрово се случил пред основно училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци, пренесува ТВ Стар.

Според телевизијата, киднаперите биле со автомобил „голф“ со скопски регистерзи ознаки.Наводно еден од киднаперите на децата им понудил пари и се обидел насилно да ги внесе во возилото но биле спречени од други ученици и персонал на училиштето.

Градоначалникот на Карбинци, Васко Паунов го потврдува случајот.

По случајот, наставата не продолжила и учениците биле пуштени да си одат дома.

Од МВР, за „Слободен печат“ велат дека нема никаков обид за киднапирање, и во текот на денот ќе излезат со соопштение за јавноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот