Турската полиција со солзавец растера протести против насилство врз жени

Турција полиција/Фото: Профимедиа

Турската полиција денеска во Истанбул употреби солзавец врз неколку стотици жени собрани против насилството врз нив и повлекувањето на Турција од меѓународниот договор што ги штити жените.

Толпата носеше транспарент на кој пишуваше „Ќе се бориме додека не го добиеме она што го сакаме” и ги повика властите и претседателот Реџеп Таип Ердоган да ја вратат земјата кон меѓународниот договор познат како Истанбулска конвенција.

Конвенцијата беше усвоена од Советот на Европа во 2011 година и е механизам кој воспоставува правно обврзувачки процедури со цел да се спречи насилство од сексистичка природа. Договорот беше потпишан во Истанбул.

Турција официјално го напушти меѓународниот договор во јули, а властите тогаш рекоа дека договорот може да поттикне хомосексуалност и да го загрози традиционалното семејство.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот