Туристичко угостителска комора: Со тестовите ни се скрати сезоната за еден месец

Туристички агенции. / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Од Туристичко-угостителската комора реагираат дека тестовите за излез од земјава се непотребни трошоци и дека ќе ја скратат туристичката сезона за еден месец.

Новите услови за приложување на негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред излез од територијата на Република Северна Македонија, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата претставува непотребно оптоварување на граѓаните, бидејќи движењето е секако прилично ограничено затоа што повеќето држави ги заоструваат мерките и бараат негативни тестови. Со овие активности туристичката сезона практично завршува еден месец порано, со што и штетата која ја трпат туристичките агенции значително се зголемува. Инсистираме да биде прифатена нашиот предлог со кој бараме на влез во државата да може да се подигне решение за изолација и тоа да може да биде прекинато во рок од 24 часа со негативен тест за ковид. Овој сектор втора година по ред е под силен удар на кризата и потребна е сериозна поддршка за негов опстанок во вакви услови – велат од Туристичко угостителската комора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот