Турција: Во случај на напад против наши позиции во Сирија ќе одговориме без задршка

Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека „на најсилен начин и без задршка” ќе се одмазди за каков било напад на турските набљудувачки места во сириската провинција Идлиб.

Сириски владини сили влегоа во градот Маарет ал Нуман во јужниот дел на провинцијата Идлиб, што претставува значаен напредок за сирискиот претседател Башар ал Асад, кој сака во целост да ја врати територијата која сега е под контрола на бунтовниците.

Според сириската невладина Опсерваторија за човекови права, во тек се борби меѓу владините сили и бунтовниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот