Турција не сака судир со Русија во Идлиб

Фото: EPA-EFE/YAHYA NEMAH

„Немаме намера да влегуваме во судир со Русија. Нашите преговори за Идлиб не се во ќорсокак, тие ќе бидат продолжени. Нашите набљудувачки пунктови, исто така, ќе продолжат да функционираат“, рече министерот Акар.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во интервју за Си-Ен-Ен Турк изјави дека земјата нема намера да влегува во судир со Русија во Идлиб, а единствената нивна цел се сириските војници.

– Немаме намера да влегуваме во судир со Русија. Нашите преговори за Идлиб не се во ќорсокак, тие ќе бидат продолжени. Нашите набљудувачки пунктови, исто така, ќе продолжат да функционираат – рече министерот.

Тој, исто така, не ја исклучи можноста Анкара и Москва да почнат таму да спроведуваат заеднички патроли.

– Сето тоа може да се направи. Главно е да се примени меморандумот од Сочи – рече министерот во коментар на информацијата на неколку медиуми дека Анкара и Москва можат да почнат заеднички патроли во регионот на Идлиб.

Турскиот министер за одбрана забележа дека воените експерти на двете земји поддржуваат „здрав дијалог” во однос на актуелната ситуација во Идлиб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот