Турција: Четворица курдски градоначалници испратени во домашен притвор

Фото: МИА

Од последните локални избори во регионите со мнозинство Курди, властите веќе отстранија 45 градоначалници.

Турските власти денеска наредија домашен притвор за уште четворица избрани курдски градоначалници во мнозинските курдски региони, на истокот и југоистокот од земјата, јавија американските медиуми.

Како дел од акцијата против прокурдските партии, кои Анкара ги обвинува за врски со екстремистите, уапсени се четворица градоначалници кои победија на последните локални избори како кандидати на Народната демократска партија и истите се сместени во домашен притвор и отстранети од функциите, а потоа и веднаш заменети со сигурни кандидати „според вкусот на Анкара”, јави агенцијата Анадолија.

Од последните локални избори во регионите со мнозинство Курди, властите веќе отстранија 45 градоначалници, од кои 21 се во затвор под обвинение за тероризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот