Тројца странски државјани уапсени на Косово во врска со убиство во Босна и Херцеговина

epa07918019 Kosovo police officers secure the area near the building of Ministry of Transportation in Pristina, Kosovo, 13 October 2019. Several members of Central Election Commission have been taken to the hospital with health problems such as allergic reactions, reddened skin and itching after opening five ballot boxes from Serbia. Kosovo held early elections on 06 October 2019. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовската полиција потврди за Радио Слободна Европа дека тројца странски државјани биле уапсени во петокот, откако добиле информации од ИНТЕРПОЛ дека „граѓани од Исток се бараат за случај во друга земја“. Според досегашните информации се работи за убиството што се случи во Босна и Херцеговина.

„Апсењето на овие три лица беше извршено само врз основа на нивниот изглед, бидејќи тие немаат лични документи. Полицијата ќе се справи со овој случај заедно со локалните и меѓународните институции и ќе се преземат понатамошни чекори врз основа на правни процедури”, се вели во соопштението. Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево во петокот соопшти дека едно лице е уапсено во Приштина, кој е осомничен за едно убиство и два обиди за убиство во населбата Илиџа во Сараево на 17 ноември.

„Тоа лице беше лишено од слобода од страна на приштинската полиција во близина на разрушена куќа во населбата Емшир и во соработка со надлежните институции, се преземаат понатамошни мерки и активности за негова екстрадиција“, се вели во соопштението на властите на Босна и Херцеговина.

Ден претходно, на 26 ноември, во Белград беше уапсен уште еден осомничен за убиството во Илиџа, 31-годишен марокански државјанин, кој се криел во хостел. Апсењата во Приштина и на 26 ноември во Белград, беа резултат на директната соработка меѓу полицијата на кантонот Сараево, Србија и Косово. За време на инцидентот меѓу неколку лица, едно лице е убиено, а двајца се повредени.

Полицијата на кантонот Сараево соопшти дека три лица, мигранти, се осомничени за сторени кривични дела „убиство“ и „тешка телесна повреда“.

БиХ ќе побара екстрадиција на уапсениот мигрант од Србија

Сараевската полиција уапси мигрант осомничен за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот