БиХ ќе побара екстрадиција на уапсениот мигрант од Србија

Јосип Грубеша, државниот министер за правда на БиХ, рече дека ќе побара од Србија да го испорача уапсениот Мароканец, осомничен за убиството на Јасмин Беровиќ на Отес пред осум дена.

Грубеша за „Дневни аваз“ изјави дека сега се чека документацијата на Обвинителството КС, со оглед на тоа дека злосторството е извршено на територијата на БиХ.

„Штом Обвинителството ќе ни ја испрати документацијата, ќе побараме екстрадиција на Србија. Нема сомнение во тоа, имајќи предвид дека ова лице беше на списокот со барање и се бараше “, вели Грубеша.

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија уапсија марокански државјанин С.Е.Д. (31), осомничен дека учествувал, заедно со уште неколку лица, во убиството на државјанин на Босна и Херцеговина, Ј.Б. во Сараево на 17 ноември.

Осомничениот бил лоциран и уапсен во хостел во Белград, каде што наводно се криел со намера да избега во една од земјите во регионот, соопшти МВР.

Апсењето е резултат на заедничка работа и размена на информации меѓу српската и сараевската полиција.

Во тек е постапката за екстрадиција на осомничениот до надлежните органи во Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Сараевската полиција уапси мигрант осомничен за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот