Тројца повредени на автопатот Тетово – Скопје

Фото: МИА

Тие биле пренесени во клиничката болница во Тетово каде им била укажана лекарска помош.

Три лица се повредени, од кои една жена потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на автопатот Тетово – Скопје.

Во несреќата учествувале  „пежо управувано од Т.З.(58) од Тетово, камион „фиат“ управуван од З.Г.(28) од Скопје и „рено канго“ управувано од М.Б.(61) од село Озормиште.

Во незгодата со тешки повреди се здобила З.Б.(57) од село Озормиште, сопатничка од „реното“, а полесни повреди здобиле возачите Т.З. и М.Б.. Тие биле пренесени во клиничката болница во Тетово каде им била укажана лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот