Тројца турски војници убиени во судир со курдски борци во северен Ирак

Тројца турски војници загинаа, а еден е повреден во судир со курдските борци во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана.

Во соопштението на турското Министерството за одбрана се наведува дека продолжуваат операциите во областа.

Турција во април минатата година почна операција против милитантите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во регионите Метина, Зап и Авасин-Басјан во северен Ирак, во близина на турската граница.

ПКК, која води вооружена борба против турската држава од 1984 година, е прогласена за терористичка организација од Анкара, ЕУ и САД. ПКК има бази во северен Ирак, а нејзините борци се активни и во северна Сирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот