Тројца тешко повредени во три сообраќајки

Фото: Илустрација

Три тешки сообраќајки се случиле вчера на територијата на Скопје. Во незгодите повредени се тројца учесници во сообраќајот. Повредените биле згрижени во болница и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Во 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Татарчев” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(50) од Скопје и автобус „МАН“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Три часа порано во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Костурски херои” и ул.„Благоја Давков“, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(46) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски”.

Во 18 часот пак во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љуботен, скопско, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(67) од Скопје, излетал надвор од коловозот. Во несреќата, Б.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Тешко повредени тројца млади луѓе во сообраќајка на патот кон Тиквешко Езеро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот