Трогателната љубовна приказна за Мерил Стрип и нејзиниот прв сопруг актерот Џон Казалеа!

профимедиа

Мери Луис Стрип (Мерил Стрип) вчера го прослави својот 71-ви роденден, а многумина и денес ја прераскажуваат нејзината љубовна приказна.

Актерката за време на својата долга кариера немала скандали, а од 1978 година е во брак со Дон Гамер (73). Брачниот пар има 3 ќерки и син и складен брак, а пред него Мерил имала уште една голема љубов, колегата Џон Казалеа кој починал на 13 март 1978 година.

Тој глумел само во 5 филмови за време на својата кратка кариера и за сите 5 добил номинација за Оскар за најдобар филм. Веројатно најдобро го памтите по улогата на еден од браќата Корлеоне (Фредо Корлеоне) од легендарниот филм „Кум“. Тие се заљубиле на сетот на филмот „Мерка за мерка“ од 1976 година, а нему му бил дијагностициран рак година дена подоцна и починал во 1978 година. Мерил за него рекла:

„Беше како дел од моето тело. Ми беше многу тешко. Истовремено сето тоа ми помогна да средам некои работи во главата и да сфатам што е навистина важно, а што потполно небитно“.

Биле заедно во ординацијата кога лекарот соопштил дека Џон биледува од рак на белите дробови кој е во завршна фаза и дека повеќе ништо не можат да направат за него. Болеста се проширила низ целото тело.

профимедиа

„Каде ќе одиме на вечера?“, го запрашала пред докторот и покажала дека не планира да се откаже од животот и надежта.

„Мојот сакан е тешко болен и често е во болница, како и сега. Прекрасно се грижат за него и јас давам се од себе да не пречам наоколу кршејќи раце, но констатно се грижам и постојано се преправам дека сум ведра, што ментално, физички и емотицно ме исцрпува повеќе од било што во мојот живот“, се доверила Стрип во писмото кое го пратила на својот професор по драма од Јејл.

Мерил до последниот момент не се оддалечувала од него. Заедно оделе на сите прегледи и третмани, а надежта не ја напуштила ниту секунда. Целата сила ја вложила во грижата за него тие месеци. Почетокот на март Џон бил примен во болница, а ноќта на 12 март докторот ја известил Мерил дека тој починал.

инстаграм

Како што пишуваат странските медиуми, Мерил тогаш легнала врз неговото тело и удирала по неговите гради додека плачела во агонија. Џон после неколку секунди за последен пат ги отворил очите и ѝ рекол: „Во ред е Мерил, во ред е“, а потоа починал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот