Правите голема грешка ако спиете со вклучено греење во ладните ноќи: Три работи што му се случуваат на телото и поради кои се разболувате

Фото: Unsplash

Како што деновите стануваат посиви и температурите почнуваат да опаѓаат, греењето е вклучено во сите домови. Многу луѓе го оставаат греењето вклучено и во текот на целата ноќ додека спијат (исклучок се оние што се приклучени на централно греење), но тоа може да претставува и ризик по здравјето.

Сите знаеме дека температурата паѓа навечер, но дополнителното загревање на домот додека спиете може да има некои несакани ефекти врз целокупното здравје.

Еве три опасности по здравјето од спиењето со вклучено греење.

Може да ви го наруши сонот

Спиењето во топла соба понекогаш може да го наруши сонот или да ве разбуди среде ноќ.

„Ако собата е премногу топла, нашето тело мора дополнително да работи за да ја регулира телесната температура во текот на ноќта. Ова може да ја зголеми будноста и да го намали нашето време во длабокиот сон, кој е најважниот сон за обновување, кој ни овозможува следниот ден да се чувствуваме одморени и енергични“, рекла Мериен Тејлор, консултантка за спиење во „Слип војс“ (The ​​Sleep Works).

Идеалната температура за вашата соба во текот на ноќта е околу 15,6 до 20 степени Целзиусови за добар сон.

Ве прави повеќе склони кон настинки

На вашите ноздри им треба слуз за да ги заробат вирусите што лебдат наоколу за да спречат да се разболите.

Меѓутоа, зголемевањето на топлината во текот на ноќта може да ја извлече влагата од вашите ноздри, што ќе ве направи поранливи на настинки, грип и инфекции на синусите.

Греењето, исто така, може да подигне облаци од прашина и други алергени кои можат да ги воспалат вашите синуси.

Во меѓувреме, истражувањето на Медицинскиот универзитет во Варшава покажало дека одредени методи за греење во затворен простор се важни фактори на ризик за алергиски ринитис и астма.

Може да ви ја исуши кожа

Што се однесува до влагата, оставањето на греењето во текот на ноќта може да ја исуши вашата кожа. Вашата сува кожа предизвикана од загревањето може да значи дека сте поподложни на појава на состојби како што се псоријаза и егзема.

Греењето дава дополнително ниво на стрес во управувањето со сувата кожа, што е особено проблематично кога имате веќе постоечки кожни болести, како што се псоријаза или егзема. Предупредувачките знаци дека вашата кожа можеби е премногу сува се ако се чувствува груба на допир или ако почне да се лупи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот