Три млади лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа во Кичево

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Три лица загинаа а уште четворица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово во Кичево.

Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила утрово во 04.50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево меѓу „пежо“-управувано од деветнаесетгодишниот С.И. од Кичево и возило „фолксваген голф“-управувано од триесет и двегодишниот К.Е. од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник дваесетгодишниот А.С. од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки повреди, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, 21-годишниот В.П. од кичевското село Подвис, 21-годишниот П.К. од Кичево и малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „пежо“.

На местото на несреќата бил извршен увид на јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот