Три лица починаа од коронавирусот во Србија, 579 новозаразени

Жена со заштитна маска во Србија / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во последните 24 часа во Србија, уште три лица починаа како последица од инфекцијата со коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 786, пренесе „Бета.рс“.

Како што рече заменик-директорката на Институтот Батут, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ на прес-конференцијата, потврдено е присуство на вирусот кај 579 лица од 8.209 тестирани.

Човек со заштитна маска на прошетка низ Белград, Србија/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Хоспитализирани се 530 лица, а на респиратори има 24 пациенти.

Стапката на смртност изнесува 2,06.

Од почетокот на епидемијата во Србија, тестирани се 1.271.455 лица, а вирусот е потврден кај 38.115 лица.

Извор: Бета.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот