Три до четири часа се чека за влез во Грција: На граѓаните им се дели вода – Слободен печат
ВестиМакедонија

Три до четири часа се чека за влез во Грција: На граѓаните им се дели вода

На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор, додава МВР.

Три до четири часа се чека за влез во Грција поради бавно обавување на граничните формалности на грчка страна, а меѓуграничнот простор речиси е споен со возила од македонска страна.

МВР соопшти дека во делот на Република Северна Македонија нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчка страна.

Возила со туристи наидуваат во бранови, но тие за десетина минути по обавување на задолжителните царински и полициски формалности се пропуштаат, така што подолги задржувања на наша страна не се забележани за влез во Грција.

На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор, додава МВР.

И од дежурната служба на граничниот премин Богородица велат дека на македонска страна нема застој, и е регистрирана вообичаена зголемена сообраќајна фреквенција и оти од спротивната страна на границата грчките колеги побавно ги обавуваат своите должности од за нив непознати причини.

Поради тоа возилата за влез во Грција се задржуваат, чекаат од три до четири часа во меѓуграничнот простор кој речиси е споен со возила со македонската страна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close