Трета доза на „АстраЗенека“ создава силен имунолошки одговор, велат медицински експерти

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Третата доза на вакцината, развиена од Универзитетот во Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“, произведува силен имунолошки одговор против Ковид-19, објавија медицински експерти од овој универзитет.

Оттаму, сепак, посочуваат дека, засега, нема потврда дека е потребна дополнителна имунизација на дозата, особено со оглед на недостигот на вакцини во некои земји.

Студија од Универзитетот во Оксфорд покажа дека третата доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот одговор на антителата, додека имунизацијата со втората доза може да се одложи до 45 недели и исто така придонесува за зајакнување на имунитетот.

Истражувачот од Оксфорд, Ендру Полард, рече дека е потврдено дека оваа вакцина обезбедува заштита од сегашните варијанти на коронавирусот корона на подолг временски период, што, како што истакна, значи дека дополнителни дози на вакцини не треба.

-Треба да бидеме во позиција каде што би можеле да дадеме дополнителни дози доколку се покаже дека е потребно – но во моментот немаме докази дека тоа може да биде случај. Во моментот, голем број британски граѓани се целосно имунизирани. Значи, давањето трети дози, додека некои земји сè уште немаат вакцини против коронавирусот, не е прифатливо – рече Полард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот