Тренерот Николиќ позитивен на ковид-19, Атанасов ќе го води МЗТ против Сплит

фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утринава тргнаа на пат кон Сплит, каде што утре вечер (18.00 часот) ќе му гостуваат на истоимениот поранешен европски шампион во обидот да останат во игра за опстанок во Адмирал бет АБА-лигата, но во експедицијата го немаше првиот тренер, Драган Николиќ.

Популарниот Гаги пред неколку дена беше тестиран позитивен на коронавирусот, па оттогаш е под будно око на лекарскиот тим на македонскиот шампион, но и на стручњаците од медицинскиот партнер „Систина“.

Николиќ веднаш ги доби сите лекарства и витамини потребни да се справи со овој вирус, но повтореното тестирање пред заминувањето за Хрватска покажа дека сѐ уште е позитивен, поради што беше донесена одлука да не тргнува на пат со цел да не се ризикува пренесување на коронавирусот и на другите кошаркари и членови на стручниот штаб.

Играчите на МЗТ на средбата во малата сала „Грипе“ ќе бидат предводени од Васко Атанасов, првиот помошник на Николиќ, кому ова ќе биде петта средба вкупно за време на престојот во Аеродром како кормилар на „сино-белата“ чета, а трета оваа сезона.

Тој досега има скор 4-0, со надеж дека ќе ја продолжи победничката серија како прв тренер на МЗТ Скопје, кој сезонава веќе има победи над Пелистер во Битола и над Кожув во „Јане Сандански“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот