Тренерот на европскиот кошаркарски шампион сака да оди во НБА лигата

Ергин Атаман со Анадолу Ефес втора година по ред ја освојува титулата во Евролигата/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тренерот на актуелниот европски шампион Анадолу Ефес, Ергин Атаман, размислува за преселба во НБА лигата ова лето, пишува американскиот новинар Адријан Војнаровски.

Атаман во последните две сезони со Анадолу Ефес ја освојува титулата во Евролигата, и според Војнаровски, тој е подготвен за нов чекор во тренерската кариера, да се пресели во најсилната кошаркарска лига.


Атаман кој воедно е и селектор на Турција, нема да биде главен тренер, туку тој се гледа како помошник во некоја од екипите во НБА лигата.

Пред да се пресели во НБА лигата, Атаман сака сезоната да ја заврши со двојната круна, односно по титулата во Евролигата, да ја одбрани титулата и во турското првенство. Анадолу Ефес моментно води со 2:1 во победи против Галатасарај во полуфиналето од плеј-офот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот