Трансфер комбинации: Мбапе си оди од ПСЖ, ќе го менува Роналдо, а Јуве ќе го врати Погба во Торино
Шпанскиот весник „Ас“ пишува ова е реална опција.
Само што заврши сезоната во клупскиот фудбал, се случија неколку неверојатни тренерски траснфери, а по завршување на Европското првенство (11. јуни – 11. јули) се очекува да има неколку сензационални трансфери на фудбалерите.
Весникот „Ас“ пишува дека во летниот преоден рок ќе се случи фудбалски земјотрес во кој ќе бидат вклучени три клуба, Реал Мадрид, Јувентус и ПСЖ.
Шпанскиот весник пишува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ова лето конечно ќе ја оствари големата желба поради која жртвуваше неколку преодни рокови. Станува збор за напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува идното лето и одличниот напаѓач досега ги одби сите понуди на „светците“ за продолжување на договорот, по што единствена опција остана негова продажба.
ПСЖ ќе мора да го продаде Мбапе и се претпоставува дека сумата ќе се движи помеѓу 100 и 150 милиони евра.
Францускиот тим како замена за Мбапе го планира Кристијано Роналдо кој треба да биде новиот партнер на Нејмар во нападот. Според „Ас“ ПСЖ е подготвен да издвои 25 милиони евра за Роналдо и се очекува Јувентус да ја прифати оваа понуда бидејќи со тоа би се ослободите и од неговата плата која изнесува 30 милиони евра.
„Старата дама“ на негово место би го донела Мауро Икарди за кого ПСЖ е подготвен да разговара, како и Пол Погба кој најдобрите игри ги прикажуваше токму како член на Јувентус и тоа кога тренер беше Масимилијано Алегри кој неодамна се врати во Торино.