Трамп: Ризикот од ширење на новиот коронавирус во САД останува низок

Трамп исто така рече дека би бил задоволен од секоја сума на средства што Конгресот би ја издвоил за борба против Ковид-19.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ризикот од новиот коронавирус во САД останува многу мал.

Тој на прес-конференција во Вашингтон нагласи дека САД се подготвени да направат се што треба ако почне да се шири вирусот.

Трамп исто така рече дека би бил задоволен од секоја сума на средства што Конгресот би ја издвоил за борба против Ковид-19.

Американскиот претседател додаде и дека ќе побара од потпретседателот Мајк Пенс да ги води активностите за борба против коронавирусот, истакнувајќи дека САД се „многу, многу подготвени” за каква било ситуација поврзана со новиот вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот