Трамп призна дека се уште размислува за воена акција против Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека и понатаму размислува за воена акција против Иран откако претходно ја отповика одлуката за напад поради соборување на американски дрон.

Тој наведе дека таква акција „се уште е на маса” додека „не биде решено” прашањето.

Трамп вчера изјави дека во четвртокот го стопирал планираниот напад врз Иран откако дознал дека ќе загинат 150 луѓе.

– Не сакам да убијам 150 Иранци. Не сакам да убијам 150 кои било луѓе ако тоа не е апсолутно неопходно, посочи Трамп додавајќи дека „многу ја цени” одлуката на Револуционерната гарда на Иран да не го собори американскиот шпионски авион во кој имаше повеќе од 30 луѓе.

Тој исто така посочи и дека соборувањето на американскиот дрон „најверојатно било намерно”, што е спротивно на неговата изјава од четвртокот, кога рече дека можеби се работи за грешка од некој кој е едноставно „немарен и глуп”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот