Трамп ПОБЕСНЕТ од свиркачот, упатил и ЗАКАНА: Се знае како се постапува со таквите (ВИДЕО)

Доналд Трамп е снимен како беснее заради жалбата на свиркачот на состанок позади затворени врати. Тој го споредил агентот на ЦИА, кој ја поднел жалбата, и неговите извори со шпиони и дури и сугерирал дека неговите постапки претставуваат предавство.

– Ние сме во војна – рекол претседателот за време на состанокот со американските дипломати во хотелот „Интерконтинентал“ во Њујорк, во четвртокот, на снимката која ја објавиле Блумберг.

Бесниот Трамп го нарекол свиркачот „болен“ и партиски настроен, пред да побара да дознае како тој ги добил информациите за жалбата.

– Сакам да знам кое е тоа лице, кое е лицето кое на свиркачот му ги дал информациите? Бидејќи тоа е блиску до шпионажа. Во основа, тоа лице никогаш не го видел извештајот, никогаш не го чул разговорот, тоа лице е скоро шпион – рекол тој и ја довел во прашање веродостојноста на свиркачот.

Потоа Трамп навел што мисли дека треба да биде казна за свиркачот и неговите извори.

– Знаете што правевме некогаш на времето кога бевме паметни? Така? Шпиони и предавство, тоа го решававме малку поразлично од сега – рекол тој, алудирајќи на користење на најстрогата казна – смртната казна.

Трамп исто така се шегувал дека ќе остане на власт и по 2024 година и покрај уставното ограничување од два претседателски мандати, колку што може да ги врши еден американски државник.

– Велам дека добри ни се шансите да бидеме на чело уште четири години, а потоа, ако сакаме, уште четири, а можеби и после тоа – рекол тој.

Потсетувајќи се на твит кој го објавил на истата тема во јуни, тој рекол: „Ние тоа го правиме, за да ги (неговите противници) изнервираме“.

Снимките од состанокот излегле и покрај тврдењата дека Белата куќа веќе со недели знаела за жалбата на службеникот на ЦИА и дека пробала да ги сокрие деталите од контроверзниот разговор помеѓу Трамп и Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот