Трамп отфрла медиумски информации за тензии на самитот на Г7

Фото: Facebook

 Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли извештаите во медиумите за тензии меѓу лидерите на Г7 на самитот во Биариц, додавајќи дека тие „се одвиваат многу добро”.

„Пред да пристигнам во Франција, лажните вести велеа дека односите со другите шест земји во Г7 се многу тензични и дека дводневната средба ќе биде катастрофа”, напиша Трамп на Твитер.

„Па, ние имаме многу добри состаноци, лидерите се дложуваат многу добро, а нашата земја напредува одлично економски – целиот свет зборува за тоа”, напиша Трамп.

Лидерите на групата Г-7 денеска ја продолжуваат средбата што започна вчера во францускиот град Биариц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот