-6 C
Скопје

Трамп: Наскоро ќе ставиме крај на пандемијата, Бајден ја преувеличува ситуацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на своите приврзаници во Флорида дека пандемијата ќе заврши наскоро и го обвини неговиот ривал Џо Бајден за преувеличување на здравствената криза за да ги исплаши граѓаните и да ги убеди да гласаат за него.

– Наскоро ќе ставиме крај на оваа пандемија, рече Трамп, ветувајќи дека нема да ја затвори економијата, туку ќе се справи со вирусот.

Тој посочи дека граѓаните на изборите бираат „помеѓу економски раст и карантин”.

Изјавите на Трамп на митинзите во Флорида следеа по втората и последна дебата на двајцата кандидати, во која тие разменија мислења за начинот како треба да се борат против пандемијата.

Во Соединетите Американски Држави, повеќе од 224.000 луѓе починаа од Ковид-19 од почетокот на пандемијата, додека милиони луѓе останаа без работа.

Пандемијата зазема централно место во предизборната кампања, во која Трамп го бранеше својот одговор на коронавирусот.

Бајден вчера рече дека Трамп се откажал од борбата против пандемијата и вети дека ако биде избран за претседател, ќе побара од Конгресот да донесе сеопфатен закон за Ковид-19, кој ќе го потпише во првите десет дена по стапувањето на должноста.

Прочитајте и...  Над 63 милиони случаи на коронавирус во светот од почетокот на пандемијата

Поврзани вести

Иако доцна, сепак МЗ ја објави статистиката: Регистрирани 336 нови случаи, починаа 32 лица

Слободен печат

Изостана денешната ковид- статистика

Слободен печат

ВИДЕО | Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене

Слободен печат

Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО: Отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа

Слободен печат

Уште еден град во Србија прогласи вонредна состојба

Слободен печат

Остави Коментар