Трамп: Мислам дека Ким Џонг Ун е човек од збор, но ќе видиме што ќе се случи

Тој потпиша договор, потпиша договор за денуклеаризација, изјавил Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека лидерот на Северна Кореја е „човек од збор“, во однос на договорот за денуклеаризација, пренесуваат бројни светски медиуми.

– Тој потпиша договор, потпиша договор за денуклеаризација. Тоа беше во Сингапур. Јас мислам дека тој е човек од збор, но ќе видиме што ќе биде – изјавил Трамп.

Ким претходно денеска најави дека неговата држава ќе продолжи да развива нуклеарна програма и најави претставување  на „ново стратешко оружје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот