Трамп: Лично би го потпишал мировниот договор со талибанците

Неговиот коментар доаѓа по делумното примирје, кое вчера стапи во сила во Авганистан, откако САД и талибанците се согласија на еднонеделно „намалување на насилството”.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично би го потпишал мировниот договор со талибанците, доколку преговорите за прекин на 18-годишната војна во Авганистан бидат успешни.

– Да. Би го ставил своето име, истакна Трамп пред новинарите во Белата куќа пред да замине во официјална дводневна посета на Њу Делхи.

Неговиот коментар доаѓа по делумното примирје, кое вчера стапи во сила во Авганистан, откако САД и талибанците се согласија на еднонеделно „намалување на насилството”. Примирјето има за цел да создаде услови Вашингтон и талибанците да потпишат договор на 29 февруари во Доха, што ќе отвори пат за повлекување на американските војници по повеќе од 18 години војна во Авганистан.

Околу 13.000 американски војници се уште се наоѓаат во Авганистан, по интервенцијата на САД за соборување на талибанците во 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот