ТРАМП ЈА ПОВИКУВА РУСИЈА ВО МОЌНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА: Од неа ги избрка Барак Обама, време е да се вратат

Фото: EPA / Mike Theiler

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека би го поддржал враќањето на Русија во Г-7, група на индустриски најразвиените економии, која викендов оддржува годишен самит во Париз.

-Сметам дека би било многу посоодветно Русија да биде внатре, изјави тој синоќа за време на средба во Белата куќа со романскиот претседател Клаус Јоханис.

Трамп повторно ја фаворизира Русија наспроти мислењето на сојузниците и воопшто не искоментира за анексијата на Крим и војната во источна Украина. Укажа дека неговиот претходник, Барак Обама, барал Русија да излезе од групата бидејќи „бил надитрен”, од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

-Претпоставувам бидејќи беше надитрен од Путин, Обама сметаше дека не е добро Русија да биде внатре, туку да излезе (од тогашната Г-8), изјави Трамп.

Американскиот претседател сличен исказ даде и лани, кога пред заминувањето на самитот на Г-7, изјави дека Русија треба да биде вратена во групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот