Трамп: Американскиот народ да ги следи насоките следните 30 дена, прашање е на живот и смрт

Американскиот претседател Доналд Трамп ноќеска ги предупреди Американците дека следат „две многу тешки недели” во борбата против ширењето на коронавирусот и ги повика до крајот на април да се приддржуваат на насоките за социјално дистанцирање.

-Апсолутно е критично за американскиот народ да ги следи насоките во следните 30 дена. Тоа е прашање на живот и смрт, рече Трамп на прес конференција во Белата куќа, пренесоа ноќеска британските медиуми.

САД се први во светот според бројот на заразени од коронавирусот. Во оваа земја досега се регистриранио 185.000 заразени, додека 3.780 лица умреа.

Првите луѓе на Координативниот штаб на Белата куќа за борба против пандемијата синоќа истакнаа дека бројот на умрени од Ковид-19 во земјата може на крајот да биде меѓу 100.000 и 240.000 лица.

Пентагон ќе испрати дополнителни 500 војници на американско-мексиканската граница , кои треба да помогнат во справувањето со ширењето на новиот коронавирус.

На американско-мексиканскта граница веќе се распоредени просечно по 5.000 војници, како поддршка на граничните патроли.

Распоредувањето на дополнителни војници на американско-мексиканскатра граница уследи откако администрацијата на претседателот Доналд Транп се откажа од испраќање трупи на границата со Канада.

САД на 20 март ја затворија северната и јужната граница  за туристички и рекреативни патувања со цел да го ограничат ширењето на Ковид-19.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот