Трагедија во новогодишната ноќ ја вознемири БиХ: Осум млади се отруја во викендичка, двајца се борат за живот

Во општината Посушје во Босна и Херцеговина, се случи трагедија во која, според досега непотврдени информации, настрадаа осум млади лица, пишува Ослобоѓење.

Како што се дознава, десет млади лица биле во викендичка во селото Трибистово, кај Посушје. Двајца се живи, но во тешка состојба поради труење со гас.

Отровниот гас кој усмртил на самото место осум од десетте присутни во викендичката, истекол од агрегатот за струја кој го користеле.

-Осум лица настрадаа, вистина е, потврди Министерството за внатрешни работи на Западно – херцеговачкиот кантон.

Извор: Ослобоѓење

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот