Трагедија во Кина: Деветнаесет мртви под одрон на земја

Полицаец во Кина / Фото: Архива

Деветнаесет лица вчера загинаа во свлечиште во провинцијата Сечуан, во југозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми.

Според првичните информации за несреќата, локалната самоуправа пријавила 14 загинати и пет исчезнати, но телата на исчезнатите подоцна биле пронајдени, пишуваат службените гласила.

Изворите наведуваат дека до одронот на земјиштето дошло на врвот на планината, кај една шумска фарма, во близина на градот Лешана.

Во 20 часот (14 часот по средноевропско време), пронајдена е 19-та жртва и потрагата по исчезнатите е прекината, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Повеќе од 180 лица се испратени на местото на несреќата за да трагаат по преживеани, соопштија локалните власти.

Местото на несреќата е во планинска област, на околу 240 километри јужно од Ченгду, административниот центар на покраината. Околу 40.000 лица живеат во оваа рурална провиниција, главно од шумарство и земјоделство.

Одроните се честа опасност во кинеските планински и рурални области, особено за време на сезоната на дождови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот