Трагедија во Индија: Најмалку 5 мртви откако воз излетал од шините

Воз во Индија/ Фото: NARINDER NANU / AFP / Profimedia

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 45 се повредени откако патнички воз излета од шините во индиската држава Западен Бенгал, пишува АП.

Сите повредени се хоспитализирани, а причината за несреќата се истражува, соопштија претставници на полицијата и железницата.

Во несреќата 12 вагони излетале од шините, а три се превртеле.

Владата ќе обезбеди парична отштета за семејствата на загинатите и сите повредени.

Несреќите се чести на големата, но стара железничка мрежа во Индија. Државната железница има 9.000 патнички возови и превезува околу 23 милиони патници секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот