Трагедија: Млад боксер почина бидејќи судијата не го прекинал мечот на време

Младиот боксер почина како последица од повредите здобиени од тешките удари во главата/принтскрин/твитер

Младиот боксер од Зимбабве, Таураи Земунја, почина во понеделникот како последица од ударите кои ги доби за време на бокс мечот кој се одржа изминатиот викенд.

Земунја имаше само 24 години, а многумина сега го обвинуваат судијата за смртта на младиот боксер бидејќи сметаат дека трагедијата можеше да се избегне.
Според боксерските фанови, новинарите и дел од експертите, тврдат дека судијата требаше многу порано да ја прекине борбата и се во шок поради неговата реакција. Несреќниот боксер во третата рунда доби неколку тешки удари во главата и иако остана на нозе беше зашеметен и со намалена можност за реакција.

Судијата не реагираше тогаш туку дозволи мечот да продолжи по што Земунја доби уште неколку удари, а од последниот падна во нокдаун.
На несреќниот боксер веднаш му беше укажана лекарска помош, потоа беше пренесен во болница каде за жал почина како последица од тешките удари во главата.

„Судиите не мораат да бројат, можат да само да кажат стоп и другиот боксер мора да застане. Вистинскиот судија би го направил тоа, би ја следел акцијата и не стоел како споменик во рингот“, пишуваат гневните боксерски фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот