ТРАГЕДИЈА: Млад 23-годишен фудбалер пронајден мртов во својот дом

принтскрин

Англиската јавност е во шок по веста дека дефанзивецот на четвртолигашот Морекамб, Кристијан Мбулу починал на 23-годишна возраст. Веста за смртта ја потврди и неговиот клуб.

„Сите во Морекамб сме неверојатно тажни поради веста дека Кристијан почина. Сакаме да изразиме сочуство на неговото семејство и пријателите. Имаше само 23 години и неговата смрт претставува шок за сите нас. Неговата загуба ќе ги погоди сите кои го познаваат. Во име на неговото семејство ве молиме за приватност“, стои во соопштението на Морекамб.


Телото на Мбулу било пронајдено во вчера вечер во станот каде што живеел. Од полицијата наведуваат дека не биле пронајдени знаци на насилство или други соминтелни околности, па за причините за смртта ќе треба да се причекаат резултатите од аутопсијата.

Дефанзивецот во Моркам направил трансфер во јануари годинава, а претходно настапувал за Милвол, Мадервел и за уште неколку други екипи од пониските рангови во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот