Трагедија: Хокеар беше погоден со пак во главата, почина по три дена

принтскин/јутјуб

Страшна трагедија се случи во Русија, капитенот на младиот тим на Динамо Санкт Петербург, 19-годишниот Тимур Фајзутидинов, почина како последица на повредата која ја здоби на хокеарски натпревар.
Фајзутидинов за време на мечот со Локомотив Јарослав беше погоден со пак во главата. Лекарите три дена се бореа за неговиот живот, но за жал не успеаја да го спасат. Иако повредата на почеток не изгледаше сериозно, веднаш на теренот му беше имобилизиран вратот по што беше пренесен во болница каде по три дена почина.
За младиот тим на Динамо Санкт Петербург, има одиграно повеќе од 200 наптевари, а поради неговата смрт во младинската КХЛ лига, сите натпревари ќе започнат со минута молчење.
„Денешниот натпревар помеѓу Динамо и Оилман ќе започне со минута молчење. Засекогаш ќе остане во нашите срца и нашите сеќавања“, објави Динамо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот