Торонто го доби Голден стејт во отворањето на финалната серија во НБА (ВИДЕО)

Торонто рано утрово на домашен терен го победи Голден стејт со 118:109 (25:21, 34:28, 29:32, 30:28) во првиот меч од финалето на НБА плејофот.

Гостите од Оукленд до средината на втората четвртина беа рамноправен противник, а по последното нивно водство од 41:40, Торонто ја презема иницијативата и на полувреме замина со двоцифрена предност (59:49). Во вториот дел бранителот на трофејот се обидуваше да фати резултатски приклучок, стигна до минус три (90:87) во почетните минути од последниот период, но не направи целосен пресврт.

Во тоа на „воините” не им помогна ниту Стеф Кари кој со 34 поени беше најефикасен играч на мечот.

Најефикасни кошаркари во победничкиот тим беа Паскал Сијакам со 32 и Кавај Ленард со 23 поени. Вториот дуел во серијата прв до четири победи е на 3 јуни исто така на теренот на Торонто.

https://www.youtube.com/watch?v=tbn1oGhLVvQ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот