Тони Блер го предупреди Борис Џонсон: „Биди подготвен да направиш многу отстапки за Европа“

Фото: ЕПА

Поранешниот британски премиер Тони Блер го нарече Брегзит „трагичен настан“ и рече дека сегашниот премиер Борис Џонсон ќе се соочи со голем предизвик во преговорите за трговскиот договор со Европската Унија до крајот на 2020 година, доколку не направи значајни отстапки.

Блер, кој беше премиер на кралството меѓу 1997 и 2007 година, не се согласува со одлуката за излегување на Британија од ЕУ и ја поддржа идејата за втор референдум за Брегзит.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Блер се осврна на резултатите од парламентарните избори во Британија, во кои неговата Лабуристичка партија доживеа историски пораз.

Џонсон се надева дека ќе успее да направи нов трговски договор со ЕУ до декември 2020 година, пред крајот на таканаречениот транзициски период – во кое време Велика Британија формално ќе биде излезена од блокот, но се уште ќе мора да ги почитува сите негови правила и прописи.

Доколку Џонсон серизно сака да ги испочитува овие рокови, тогаш мора да биде подготвен за компромис околу тоа колку темелен и амбициозен потенциалниот договор ќе биде, вели Блер, додавајќи дека новиот премиер ја потценува големината на проблемот кој е во „неговите раце“.

– Ако одлучите дека сами сакате да ги правите правилата, и во исто време сакате пристап до европскиот пазар, тоа е вооппшто не се едноставни преговори и не гледам начин како тие ќе се завршат до крајот на следната година. Ако е сериозен кога вели „во ред, ние ќе ги направиме сите законски чекори, без разлика на сѐ, да излеземе од ЕУ до 2020 година“, ќе има сериозен проблем доколку не е подготвен да направи многу отстапки на Европа – констатира Тони Блер во дел од интервјуто за Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот