Тито: Како настанал прекарот на доживотниот претседател на Југославија?

Маршалот Јосип Броз Тито/ Фото: License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: TopFoto / Topfoto / Profimedia

Во деновите на прогон и илегалност, во затворите и казаматите настанале многу партиски прекари на многу политичари. Многу се заборавени, но некои се зачувале до ден-денес како симбол или документ на борбата која поминала. На пример, прекарот Тито е општо познат. Но, дали знаете како настанал овој прекар?

јосип броз тито кралица елизабета
Фото: Profimedia

„Името Тито го носам уште од периодот 1934-1936 година, не се сеќавам точно од кога. Немаше никакви посебни причини што го избрав баш тоа име. Едноставно, тоа име е многу често во мојот роден крај во Загорје, па го земав за свој илегален прекар“ – истакнал Јосип Броз Тито во една прилика, објаснувајќи ја историјата на своите илегални имиња.

Фото: Profimedia

Од документите во архивата на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија се гледа дека Јосип Броз веднаш по излегувањето од робија во 1934 година го користел прекарот Тито. Во периодот меѓу 1937 и 1941 година, кога партијата била во длабока илегалност, Јосип Броз, кој бил секретар на партијата, најчесто го употребувал мето Тито или се потпишувал со скратеницата Т-Т. Првите документи и писма од времето на војната, Јосип Броз ги потпишувал со Т-Т.

Фото: Profimedia

Со прекарот Тито, Јосип Броз првпат се потпишал во билтен на Врховниот штаб број 7 и 8 од први октомври 1941 година, како командант на Врховниот штаб на народноослободителните и партизанските одреди на Југославија. Тоа име подоцна се проширува меѓу партизаните и меѓу народот.

Претходно, Тито имал и други прекари: Руди и Валтер.

„Тие прекари си ги дадов сам. Руди го употребував кога бев во земјата, а Валтер во странство и во Коминтерната. Подоцна, кога дознав дека прекарот Руди го носи и членот на Централниот комитет Родољуб Чолаковиќ, јас тоа име го заменив со прекарот Тито“ – објаснил Тито во една прилика.

Фото: Profimedia

Јосип Броз Тито во периодот од 1936 до 1941 година имал документи на име Иван Констајншек и на име инженер Бабиќ.

Хрватската пошта не одобри изработка на печат со ликот на Јосип Броз Тито

Зошто Тито не го сакал Дедо Мраз? Со кого го поистоветувал дедото со бела брада во црвен костум!

ВИДЕО | „Чувствував дека следува најголемата криза“: Спикерот Миодраг Здравковиќ ѝ соопшти на Југославија дека Тито умре

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот