Тихановскаја: ЕУ и САД мора да сторат повеќе за да се стави крај на владеењето на Лукашенко

Светлана Тикановскаја / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Европската унија и Соединетите Американски Држави мора да сторат повеќе за да помогнат да се стави крај на владеењето на белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави денеска лидерот на опозицијата Светлана Тихановскаја, повикувајќи ја ЕУ да воведе нови санкции.

– Клучно е да се изврши притисок врз одговорните за кршење на човековите и граѓанските права, но исто така и да се насочат кон корумпираните службеници и бизнисмени, рече Тихановскаја од главниот град на Литванија, Вилнус, каде побегна по изборите.

„За жал, реакцијата на меѓународната заедница на политичката криза во Белорусија е многу скромна”, рече таа на онлајн настанот организиран од аналитичкиот центар на Европскиот совет за надворешни односи, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на Франција, Романија, Литванија и Полска.

Тихановскаја го повтори својот повик за одржување нови избори и заклучи дека промената може да се случи само со помош на ЕУ и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот