ТФТ ги загуби и теоретските шанси за плеј-офот во АБА2 лигата

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Македонскиот кошаркарски клуб ТФТ Моцарт Скопје нема да игра во плеј-офот на АБА 2 лигата откако денеска загуби од хрватската екипа на Горица со 83:64.

Нашиот претставник кој има учинок од три победи и осум порази на две кола до крајот на регуларниот дел, остана без шанси за пласман во плеј-офот.

По релативно израмнетата прва четвртина по која водеше ТФТ со 21:23, сите надежи за дебитантот во оваа конкуренција, паднаа во вода по лошата одиграна втора четвртина која ја добија Хрватите со убедливи 29:9.

Ништо не се промени резултатски по паузата од 15 минути, Горица знаеше да ја одржува лесно стекнатата предност од вториот период. ТФТ беше подобар во третата четвртина со 21:22, но Горица и натаму високо водеше (71:54). Последната делница беше само рутина, и Хрватите успеаја да го запишат својот втор триумф сезонава.

Во редовите на ТФТ, Батрик, кој играше во три четвртини, запиша 14 поени, Костоски имаше 12.

На овој последен „балон“ од регуларната фаза, кој се игра во Широки Бријег, ТФТ го чекаат уште два натпревари. На 8 март, од 21.00 часот ќе игра со Борац од Бања Лука за која настапува нашиот репрезентативец теодор Симиќ, а сезоната „црно-белите“ ќе ја затворат на 11 март (сабота), од 12.00 часот, против лидерот на табелата, Хелиос од Домжале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот