Тетово: Приведени татко и син, кај нив пронајдени оружје, муниција, марихуана

Вчера во СВР Тетово биле лишени од слобода Ш.Т.(42) и Д.Т.(68) од с.Церово, тетовско, кај кои истиот ден во периодот од 06,45 до 09,30 часот, постапувајќи по претходно издадена наредба од Основен суд Тетово.

Полициски службеници при преглед во куќа и патничко возило „голф 5“ со тетовски регистарски ознаки во сопственост на Ш.Т. и неговиот татко Д.Т. пронашле марихуана, пушка „бокерица“ кал.12мм, 13 патрони различен калибар и 15 куршуми калибар 7,62 и 15 м. дрва без печат.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот