Тетово и Јегуновце со над 30 отсто одѕив на гласачите до 17.00 часот

Изборниот процес досега се одвива во мирна и демократска атмосфера/ Фото: МИА

Во останатите општини има под 30 проценти излезност. Во Општина Теарце гласале од 29,70 отсто, додека во Брвеница 28,61 отсто излезеност на граѓаните на вонредните парламентарни избори.

Малку повеќе од една третина од граѓаните евидентирани во избирачки список излегле да гласаат на вонредните парламентарни избори во општините Тетово и Јегуновце до 17 часот.

Во Општина Тетово до 17 часот гласале 33,72 отсто од граѓаните, додека Општина Јегуновце бележи 32 отсто излезеност.

Во останатите општини има под 30 проценти излезност. Во Општина Теарце гласале од 29,70 отсто, додека во Брвеница 28,61 отсто излезеност на граѓаните на вонредните парламентарни избори.

Боговиње и Желино се општините со најмалку граѓани кои досега гласале. Во Боговиње има 27,55 отсто излезеност, додека во Желино одѕивот на гласачи е 23,13 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот