Тестовите за коронавирус може да се лажно негативни, ако се направат прерано или предоцна

Како точно изгледа начинот на детекција на коронавирусот во Македонија и што точно медицинските експерти од областа на епидемиологијата тестираат кај суспектните пациенти? На секое лице кое е суспектно за Ковид-19 најнапред му се прави скрининг тест, односно тест за детекција на Е генот. Доколку овој тест е негативен, тогаш и одговорот на резултатот за тој примерок е негативен. Ако се добие негативен резултат на скринингот од пациент со голема сомнителност за Ковид-19 пак, особено ако се работи за примерок од горно респираторниот тракт, тогаш е потребно да се достави втор примерок, со вклучување примерок од долнореспираторен тракт.

Меѓутоа, како што е објавено во Упатството за начин и интерпретација на резултати на тестови за Ковид-19 на веб страницата на Институтот за јавно здравје, еден или повеќе негативни резултати, не ја исклучуваат можноста да постои Ковид-19. Причината за ова е што бројни фактори можат да бидат причина за негативен резултат. Меѓу нив се тоа примерокот кој што е земен да има мала количина вирусни честички, примерокот да е земен многу рано или многу доцна од инфекцијата, примерокот да не е чуван или транспортиран соодветно, ако вирусот мутирал.

Доколку скрининг тестот е позитивен, се прави уште еден конфирматорен тест. Ако двата се позитивни, пациентот е позитивен.

Во случај на позитивен скрининг тест, а негативен конфирматорен тест потребно е да се донесе нов примерок од пациентот. И во овој случај, инфекцијата не се исклучува и случајот се води како веројатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот