Тест од 9 прашања открива кои сте навистина: Четвртото е многу тешко!

Фото: Pexels/Matheus Bertelli

Тестовите за личност се интересни за речиси сите, бидејќи со помош на нив дознаваме нови работи за себе. Овие тестови најчесто ги прават експерти, но постојат и такви што можете да ги правите на интернет.

Денеска ви претставуваме еден таков тест, а со него можете да научите многу за себе.

Пред вас е тест од девет прашања, а сè што треба да направите е да ги одговорите и да ги запомните или запишете вашите одговори.

Секое од овие прашања ќе ве натера да ја поттикнете фантазијата и да замислите дека се наоѓате во дадената ситуација. Одговарајте искрено и што прво ќе ви падне на памет.

Прашања

1. Неотворена кутија стои на подот. Што има внатре?

2. Кога би можеле да изберете едно место за да го поминете остатокот од животот, каде би било тоа?

3. Цел ден талкате изгубени во пустината и конечно забележувате населба во далечината. Меѓутоа, наскоро ја забележувате оазата, која е малку поблиску. Каде ќе одлучите да одите?

4. Што би направиле ако одеднаш изгубите сè?

5. Да претпоставиме дека утре е недела, како да се помине денот?

6. Ако сте во невоља, кому би му се обратиле за помош?

7. Да можете да избирате, во кој период од животот (детството или сегашните години) засекогаш би живееле?

8. Ако некој ви рече дека ви останале само 24 часа живот, како би ги поминале?

9. Да можете да сочувате само една работа (не личност или домашен миленик) од пожар, што би било тоа?

Анализа на одговорите:

Еден

Вашиот одговор открива како гледате на неочекуваните ситуации

Ако сте замислиле нешто што за вас нема вредност, тогаш верувате дека среќата и добрите нешта не доаѓаат лесно и дека не се предодредени за вас.

Ако сте замислиле богатство или нешто вредно, тогаш очекувате дека еден ден ќе бидете побогати.

Ако сте претпоставиле дека кутијата е празна, тогаш не верувате во среќа, многу сте практични.

Два

Ако сте се одлучиле за местото каде што веќе живеете, тогаш сте задоволни и удобно ви е тука каде што сте и благодарни сте

Ако сте избрале некое далечно место, вие сте сонувач и се стремите кон романтични работи.

Ако не можете да се одлучите, тогаш не сте склони да бидете силно врзани за луѓе и места, номад во душата.

Три

Ова ја опишува вашата работна етика.

Ако сте избрале оаза, сакате да бидете први што доаѓате на работа, а заминувате последни.

Не ги сакате правилата и прописите и понекогаш сте импулсивни.

Сакате да правите неколку работи истовремено, а понекогаш и одолговлекувате со работата.

Ако сте отишле директно во населбата, тогаш вие сте тој што ја презема одговорноста.

Внимателно го планирате денот и знаете како да го искористите времето.

Ги почитувате роковите, а повеќе сакате да ги завршувате проектите отколку да ги започнувате.

Четери

Оние кои одлучиле да почнат од нула се луѓе кои се подготвени да преземат одговорност за своите постапки, а не само мирно да ги прифатат промените во животот

Другите кои би се откажале или би се жалеле – треба да поработат на трпеливост, прифаќање и духовност.

Пет

Вашиот одговор опишува како ги трошите парите.

Ако одговоривте дека можете слободно да правите сè и сешто, тоа значи дека трошите пари како ќе ви падне напамет и немате контрола.

Ако сте одлучиле да останете дома, тоа значи дека сè што имате обично трошите на шопинг.

Ако сте се одлучиле за спортски активности – имате навика да штедите за „црни денови“.

Ако избравте да одите на прошетка, вие сте тој што троши внимателно и рационално.

Шест

Оние кои ќе се обидат сами да ги поправат работите имаат силен карактер и се прилично самоуверени

Ако сте им се обратиле на пријателите и семејството, малку сте несигурни и не сте подготвени да ја прифатите целосната одговорност во тешките ситуации.

Оние кои бараат практични совети од адвокат или други професионалци се реалисти.

Седум

Годините што сте ги избрале го претставуваат периодот во кој сте биле најсреќни

Оние кои сакаат да се вратат во детството се луѓе кои не сакаат одговорност на својот грб.

Ако сте ја избрале вашата сегашност, вие сте зрели и успешни.

Осум

Ако сте решиле да бидете со луѓето што ги сакате, имате сентиментална природа и сте многу емотивни.

Ако повеќе би сакале да бидете сами, можно е често да сте незадоволни и нерасположени.

Ако сте решиле да се забавувате, тогаш на животот гледате малку ноншалантно и површно.

Ако треба да си го поминете денот како и обично, тогаш сте храбри и прилагодливи.

Ако би се посветиле на молитвата и духовноста, вие сте зрела, стара душа на најдобриот можен пат.

Девет

Ако е во прашање фото-албум или нешто слично тогаш сте сентиментални, чувствителни и нежни.

Ако е во прашање нешто од гардеробата, вие сте претпазливи и конвенционални.

Ако изберете нешто со голема парична вредност, промислени сте, сакате сигурност и материјални работи.

Луѓето кои ќе се одлучат за документи, лекови или лаптоп се практични, реални и снаодливи, пишува „Атма“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот