Тесла ги надмина очекувањата за остварување профит

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла” изненади со резултатите за третиот квартал оваа година, што ги надмина очекувањата на аналитичарите, на начин што остварува профит веќе петти последователен квартал.

Вредноста на акцијата се искачи за 4,3 проценти по објавувањето на резултатите, на 440,81 долари, објави Сеебиз.

„Тесла” соопшти дека инсталирале оваа година да имаат капацитет за производство и испорака на 500.000 возила.

Приходите се искачија на рекордни 8,77 милијарди долари, од 6,30 милијарди долари една година порано. Според податоците на ИБЕС од Рефинитив, аналитичарите очекувале приход од 8,36 милијарди долари.

Со исклучок на еднократните ставки, „Тесла” забележа профит од 76 центи по акција.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот